Метеоролозите носат лоши вести

 

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, претпладне со појава на краткотраен пороен дожд освен во јужните и источите делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен претежно јужен ветер.

Утринската температура ќе се движи од четири до 10, а дневната од 15 до 21 степен.

Во Скопје  ќе биде променливо облачно. Претпладне ќе има услови за краткотраен дожд, а преку денот ќе дува слаб претежно јужен ветер.

Утринската температура ќе се спушти до седум, а дневната ќе се искачи до 20 степени.

Во недела и во понеделник претпладне ќе потрае период на преодно стабилизирање на времето, а од понеделник попладне ќе има повремени врнежи од дожд. Во вторник се очекува нестабилно време со пороен дожд и појава на грмежи.

 

 

Оцени ја веста

25.04.2015 - 10:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега