Јанкулоска: Заев е директно инволвиран во спроведување на сценариото за дестабилизација на државата

Веќе трет месец сме соочени со пласирање на информации во кои Зоран Заев и неговите поддржувачи се убедени дека народот мора да поверува. Наспроти нивните клевети, обвинувања и презентирање на материјали кои се стекнати на нелегален начин, а се селектирани и монтирани, ВМРО-ДПМНЕ продолжува со една позитивна политика, истакна министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на денешната трибина која се одржа во Крива Паланка.
Јанкулоска истакна дека Заев можеби не е свесен, како што рече, дека е само инструмент на странски служби кои сакаат да постигнат цели кои се спротивни на интересите на Република Македонија.
-Очигледно е дека целта на Заев не е само да изгради погрешна виртуелна реалност за Владата и функционерите. Зоран Заев е вовлечен во едно сценарио за кое можеби и самиот не е свесен. Тој е директно инволвиран во спроведување на сценариото за дестабилизација на државата. Станува се појасно дека Заев како инструмент на странските служби е доведен во ситуација да одработува туѓа агенда, а таа агенда очигледно подразбира создавање на раздор, недоверба, страв, провокации во кои Македонците ќе се спротивстават на други Македонци, ќе настане конфликт помеѓу сите луѓе кои живеат во оваа доверба, каде што секој ќе се плаши од секого, ете во таква ситуација која ја посакува Заев, а уште повеќе неговите наредбодаватели лесно е да се манипулира, потенцираше Јанкулоска.
-Соочувајќи се со една ваква ситуација и со серизоните обвинувања за кривичните дела кои му се ставаат на товар на Заев, тој станува се понервозен. На секој негов јавен настап, нападите се уште пожестоки, меѓутоа аргументите се уште послаби. Тој самиот знае дека направил сериозни пречекорувања во делот на непочитување на законите, затоа е паниката во секој негов настап, затоа е потребата после секое дадено интервју да се корегира, да се демантира, истакна министерката за внатрешни работи.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









