Јанкулоска: Политиките на ВМРО-ДПМНЕ се креирани врз основа на реалните потреби на граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ како одговорна партија која секогаш чувствува потреба да даде отчет пред сопствениот народ и овој пат пред граѓаните на Крива Паланка и околните места е тука да зборуваме за она што значи реален живот за граѓани, односно подобрување на условите за ивот во сите области.
Ова го истакна министерката за внатрешни работи и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Јанкулоска која вечерва ќе учествува на трибината која владејачката партија ја организира во Крива Паланка.
-Во последните неколку месеци Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ промовираше над 60 различни мерки кои се однесуваат на различни области од општественото живеење. Она што денес сакаме да го претставиме пред граѓаните се тие мерки, без разлика дали се работи за пакет мерки поврзани со проектот „Македонија вработува“, дали се земјоделци на кои ќе се однесуваат новите мерки во областа на земјоделството. Не помалку важни се и проектите во образованието, здравството. Ние како партија, нашите политики секогаш сме ги креирале врз основа на реалните потреби на граѓаните, токму тие се најдобриот коректив, истакна Јанкулоска.
Од трибината, ВМРО-ДПМНЕ ќе испрати и политичка порака за која говореше министерката за внатрешни работи.
-Република Македонија се наоѓа во динамични политички времиња. Сведоци сме на непринципиелна политичка борба која доаѓа од страна на опозицијата. Очигледно е дека Зоран Заев и негоите соработници соочени со недостатог на идеи и немајќи конкретна понуда со што може да излезат пред граѓаните, се одлучија за политичка презентација со средства кои се крајно недозволени, нагласи таа.
Јанкулоска потенцираше дека и покрај обидите на Заев, граѓаните на Македонија се мудри и тие ги познаваат политичарите.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









