Исчезнаа сведоците кои што Заев претходно ги најавуваше

 

Опозицискиот лидер Зоран Заев денеска достави повеќе од 100 илјади разговори во транскрипти до Јавното обвинителство, кои не се поткрепени со никаков аудио материјал. 

Исчезнаа сцедоците кои што претходно ги најавуваше лидерот на СДСМ. На претпоследниот ден од истекот на рокот, Заев не побарал гаранција за безбедноста на било каков сведок, ниту пак предложил сведок, иако претходно изјавуваше дека има сведоци.

Речиси сите опозициски медиуми неодамна пренесоа дека Заев имал сведоци. Фокус пишуваше дека јавниот обвинител го прашал Заев – дали постојат сведоци кои ќе потврдат дека прислушувањето е правено во МВР по налог на Мијалков и Груевски, како што е наведено во неговата пријава.

-За да ги повика сведоците, Заев инсистирал да се гарантира безбедност за нивните животи и изворите од МВР кои ќе ја потврдат неговата верзија за прислушувањето, пишуваше Фокус.

На претпоследниот ден од истекот на рокот, сведоците кои Заев ги најавуваше исчезнаа. Дополнително, човекот кој што на јавна сцена во повеќе наврати на дело беше фатен како лаже и самиот себе се негираше и демантираше, денес достави хартија од 100.000 транскрипти за наводни разговори кои не се поткрепени со никаков аудио материјал.

Без никаква релевантна поткрепа,  Заев сега очекува јавноста да му верува дека напишаната хартија со 100.000 транскрипти се веродостојни разговори.

 

 

Оцени ја веста

24.04.2015 - 16:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега