Ѓорчев: Тие што верификуваа резултат 500:0 сега кажуваат што се фер и демократски избори

Претседателот на владата, Никола Груевски, сите изминати години, со своите политики, со своите чекори, со својата одговорност беше со гостиварчани, а сега кога најмногу го напаѓаат, сега кога најмногу го клеветат, гостиварчани се со Никола Груевски, како и цела Република Македонија.
Ова пратеникот Влатко Ѓорчев, го изјави пред полната сала, на трибината во Гостивар која се одржа вчера.
-Јас се сеќавам а и вие се сеќавате, во таа 2004 година се одржуваа претседателски избори, за кои имаше втор круг. Резултатите во вториот круг на поширокиот регион на Гостивар беа 500:0, 700:0, 400:0, 450:0 на една кутија...и сега тие кои што верификуваа резултати 500:0 на една кутија ќе ни кажуваат што биле фер и демократски збори, запраша Ѓорчев.
Таа недела, потсети тој во Тетово доаѓале набљудувачите од ВМРО-ДПМНЕ сведочеле како ги бркале од избирачки места, им репетирале пиштоли, им се заканувале со авотмати.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









