Ставрески во Гостивар: Нема да дозволиме никој да си поигрува со стабилноста на државата

Со овие трибини сакаме да покажеме дека сме со народот и во време кога неодговорната опозиција наметна ситуација која никој не ја посакува. Нема да дозволиме, никој да си поигрува со стабилноста на државата и да ја доведува во прашање нејзината безбедност. Државниот врв и сите институции ја контролираат ситуацијата и решително ќе постапат против оние кои сакаат да ја нарушат.
Ова го истакна членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и министерот за финансии и вицепремиер Зоран Ставрески на вечерашната трибина во Гостивар.
Ставрески, зборувајќи за актуелните состојби, нагласи дека не е прв пат кога СДСМ е во опозиција да ја пренесат нивната неспособност и проблемите во партијата да ги пренесат на државата.
– Ние сме тука да пренесеме порака дека граѓаните треба да бидат мудри, треба да бидат сплотени. Значајно е со мудроста која ја поседуваат да ја оценат состојбата. Сé додека народот е сплотен и додека стои зад нас и ние ја водиме државата, Македонија ќе остане стабилна и безбедна, рече Ставрески.
Потсети на изборните победи, кои како што кажа, се поддршка од народот на политиките кои владата ги води и проектите кои се реализирани.
Вистината, според Ставрески, не се креира врз основа на телефонски разговори.
– Кога се зборува за вистината, не може таа да се креира врз основа на телефонски разговори кои се прибавени на нелегален начин и креирани на кој знае кој начин. Граѓаните не ги интересира кој за кого и што мисли и разговара по телефон, туку кој и што направил за им се подобри животот, кој отворил 130 илјади нови работни места и кој им отпишал долгови и редици други проекти. На двесетте бомби на опозицијата ние одговоривме со 60 нови мерки во корист на народот, рече Ставрески.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









