Спасов: Со проектот „Македонија вработува“ илјадници граѓани полесно ќе најдат работа

Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и министер за труд и социјална политика Диме Спасов денес ќе се обрати како дел од тимот на владејачката партија која одржува трибина во Гостивар.
Спасов во вестите на Канал 5 истакна дека со граѓаните ќе разговараат за реални проекти кои Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги спроведувала, а се насочени кон вистинските проблеми кои ги мачат граѓаните
-Ќе разговараме за мерките кои ги спрведуваме во борбата за отворање на нови работни места, за привлекување на странски инвестиции, но и за значителни помош и поддршка за домашните компании да отворат нови работни места. Ќе разговраме за проектот „Македонија вработува“ кој започнува со реализација кон крајот на неделата, проект кој очекуваме значително да им помогне на илјадници граѓани побрзо и полесно да стигнат до работа, посочи Спасов.
Дел од темите на трибинта ќе биде и новиот проект за правото на откуп на стаж за оние работници кои работеле во компании кои најчесто во ’90-те години престанале да постојат.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









