Во Росоман доделени решенија за отпис на долгови

Осум жители на општина Росоман денеска добија решенија за еднократен отпис на долгови. Во зградата на локалната самоуправа решенијата им ги врачи росоманскиот градоначалник Стојанче Лазов, пренесува МИА.
- Станува збор за граѓани од ранливи категории, а сумата на отпишани долгови изнесува од 20 до 200 илјади денари. Тоа се главно заостанати долгови за електрична енергија, комуналии, радиодифузна такса, рече градоначалникот.
Тој нагласи дека ова е еден значаен проект, едно ветување кое им беше дадено на граѓаните пред изборите, а кое стана реалност.
- Оваа власт преку низа проекти докажа дека дадениот збор станува обврска која се реализира, додаде Лазов.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









