Косовското МНР го осуди нападот на полициската станица во Гошинце
Министерството за надворешни работи (МНР) на Косово го осуди нападот на полициската станица во Гошинце.
Во соопштението се наведува дека веста за нападот била примена со голема загриженост. Во него исто така стои дека најостро се осудува секој акт на насилство врз органите на редот на Република Македонија и истовремено се апелира на професинална и нееднострана истрага.
Официјална Приштина искажува подготвеност да им помогне на македонските авторитети за да се откријат сторителите на овој акт.
- Република Косово како фактор на стабилност во регионот, останува во одлучноста за унапредување на климата на добрососедство, почитувајќи ги суверенитетот и територијалниот интегритет на Република Македонија, како соседна земја, како и целосната имплементација на Охридскиот договор, се наведува во соопштението на косовското МНР.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









