Вељаноски се сретна со претседателката на грчкиот Парламент

 

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски денеска имаше куса неформална средба со претседателката на грчкиот Парламент Зои Константопулу, пренесе МИА.

Вељаноски и Константопулу учествуваа на дводневната Конференција на претседатели на парламенти од ЕУ што се одржа во Рим. 

Кабинетот на претседателот на Собранието, соопшти дека куртоазната средба се одржала на маргините на Конференцијата и оти била потенцирана потребата од парламентарна соработка во контекст на започнување на градење на доверба помеѓу двете држави. 

Претседателот на Собранието Вељаноски на Конференцијата во Рим имаше обраќања посветени на јакнење на политичкиот дијалог и за спарвувањето со финансиската криза.

 

 

Оцени ја веста

21.04.2015 - 18:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега