Неделава температурен шок: До петок секој ден различна временска прогноза!

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност. Преку денот ќе дува умерен на моменти засилен северен ветер, кој на места ќе достигнува брзина и до 100 километри на час.
Утринската температура ќе се движи од минус три до шест, а дневната од 10 до 18 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен, на моменти засилен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 15 степени.
По сончевиот ден кој ќе го имаме денеска, во среда не очекува зголемување на облачноста и постојат услови за локални врнежи од дожд. Минималните температури од 1 до 11 степени, а дневните до 8 односно до 18 степени.
Во четврток постудено утро со утрински температури од -2 до 7 степени. Во текот на денот сончево и потопло со дневни температури кои ќе се движат од 12 до 21 степен, додека во петок умерено облачно со повремени сончеви периоди. Минималните температури ќе се движат од 0 до 9 степени, а максималните дневни ќе бидат во пораст и ќе достигнат до 14 односно до 23 степени.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









