Ѓорчев: Заканите за конфронтации од опозицијата не носат ништо добро

 

Заканите од демонстрации и  конфронтации какви што се заговараат и стимулираат  од страна на опозицијата не носат успеси, рече пратеникот Влатко Ѓорчев на вечерашната трибина на ВМРО-ДПМНЕ во Струга.

- Ниту една прес конференција на Зоран Заев нема да реши ниту еден проблем што луѓето ги тишти дали колективно или индивидуално. Нема да донесе ова среќа. Затоа што на местата каде што се случуваат крвопролевање, жестоко конфронтации нема среќа погледнете не е тоа само на Балканот туку и во други држави. Таму каде што има конфронтации нема ништо добро, вели Влатко Ѓорчев од ВМРО ДПМНЕ.

Германските инвестиции ОДВ “Електрик” и “Костал” кои ќе донесат 2000 вработувања се капиталните проекти во охридско струшкиот регион. Булдожери, камиони и цела градежна механизација на десетина пунктови работи на изградбата на најголемиот инфраструктурен зафат, современиот автопат Охрид Кичево.

Од ВМРО ДПМНЕ ветија дека ќе продолжат со реализација на уште многу нови  проекти.

 

 

Оцени ја веста

17.04.2015 - 22:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега