Предадени клучевите од просториите под наем за Здружението „Јавна соба“

 

Објект со вкупна површина од 1.450 метри квадратни,  со одлука на Владата му  е даден под наем на Здружението „Јавна соба“ од Скопје за период од 20 години.

Министерот за одбрана, Зоран Јолевски и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, денес симболично му ги предадоа клучевите на претставникот од Здружението „Јавна соба“, Александар Велиновски од објектот кој досега беше под надлежност на Министерството за одбрана.

- Економија базирана на креативност и знаење е важна фаза од развојот на секоја земја. Сигурен сум дека овој објект ќе им користи на сите наши уметници и на други луѓе кои имаат идеи, за нивните иновации да бидат нотирани и потоа искористени за развој на бизнисите во земјата и да си го најдат местото на пазарот, истакна Јолевски.

Во овој објект лицата кои имаат креативни иновации ќе можат истите да ги развијат и да се сретнат со потенцијалните инвеститори кои потоа би ги вклучиле во нивните производства, и би ги реализирале на пазарот.

Министерката, Канческа Милевска истакна дека овој Центар за дизајн односно Дизајн прототип Центар – Јавна соба ќе биде единствен од овој тип на Балканот, кој има за цел да го подигне и артикулира работењето на дизајн секторот во Македонија и регионот.

Претставникот на Центарот, Александар Велиновски изјави дека оваа нова институција ќе биде значајна за дизајнерите но истовремено и за бизнис-секторот.

- Бизнис-секторот преку креативноста на младите дизајнери ќе го унапреди своето работење а, од друга страна, дизајнерите ќе постигнат самостојност во работењето, истакна Велиновски.

 

 

Оцени ја веста

17.04.2015 - 17:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега