Груевски се сретна со делегација на ОБСЕ: Соработката ќе продолжи во сите сфери

Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски, денес оствари средба со делегација на постојаните претставници на земји во Организацијата за безбедност и соработка во Европа.
На средбата беше дадена позитивна оценка за соработката помеѓу Република Македонија и ОБСЕ.
Премиерот Груевски го поздрави и придонесот на ОБСЕ во реализацијата на реформите кои се спроведуваат во нашата земја.
Претседателот на Владата истакна дека реформскиот процес и европската и евроатланската интеграција на земјата е темелна заложба на Владата на Република Македонија. Тој истакна дека Владата ќе продолжи со посветена работа за унапредување на стандардите во секоја општествена сфера и унапредување на можностите за сите граѓани, се вели во владиното соопштението.

На средбата стана збор и за актуелната политичка состојба во земјата, при што соговорниците истакнаа дека е потребно одговорно однесување, ангажман на сите политички чинители и активно учество на сите партии во работата на Собранието на Република Македонија.
Беше истакнато и дека е потребно што побрзо надминување на предизвиците низ институциите на системот и обезбедување на перспектива за понатамошен напредок во интегративните процеси.
Соговорниците потенцираа дека соработката помеѓу Република Македонија и ОБСЕ ќе продолжи во сите сфери од взаемен интерес и од интерес за граѓаните на земјата.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









