СДСМ со нов автогол: Според нивна студија плацот на семејството на Протоѓер не е во блатото

 

Во аудио парчињата се зборува за некое земјиште, а од начинот на кој се најави и презентира делот од разговорот се добива впечаток дека Протоѓер пројавува некаков интерес за земјата, се слуша дел во кој тој зборува за пристапен пат до земјиштето.

Овој дел беше најавен како доказ зошто се урбанизирал просторот во блатото и како тоа Мартин Протоѓер со Миле Јанакиески заговара планови за ова земјиште.

ЗЕМЈАТА Е НАСЛЕДСТВО НА МАЈКАТА НА ПРОТОЃЕР И НЕ Е ВО ЗАШТИТЕНАТА ЗОНА НА БЛАТОТО

DSC 2398-706x1280

ПАРЦЕЛАТА ЗА КОЈА СДСМ СЕ ОБИДЕ ДА ИЗМАНИПУЛИРА ДЕКА Е БЛАТО СЕ НАОЃА ДО ПАТОТ ПОД СЕЛО РАЧА

 

Земјата која ја спомнува СДСМ нема никаква врска со блатото. ”Охрид1” дојде до скица од просторот на кој е земјиштето кое е семејно наследство во охридската фамилија Протоѓеровци, и не е во сопственост на Мартин Протоѓер туку е во косопственост на неговата мајка и други нејзини роднини, или како што во Охрид се кроисти израз за наследен имот на повеќе лица, земјата е ”дељејнца” помеѓу повеќе братучеди. ( што значи не е зграбено од државата нити е дел од блатото ), пишува порталот Охрид 1.

СДСМ на денешниот прес презентирајќи тонски исечоци се обиде во јавноста да креира лажна претстава дека Протоѓер барал од охридскиот Градоначалник Никола Бакрачески урбанизација на површини од блатото.

-Но, вистината е дека земјата не е на Протоѓер, дека е наследство и дека е далеку од заштитениот дел на блатото, лоцирана до кривината кај реката Рача, на самиот Булевар Свети Наум Охридски и е опкружена со дурги ниви. Во правец на езерото на овој дел дури постојат и куќи од тврда градба изградени во изминатите години, пишува локалниот портал.

”ЕКОЛОГИСТИТЕ” ПРЕД ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈАТА БИЛЕ НА СРЕДБА ВО СДСМ

Група ”екологисти” непосредно пред прес конференциајта биле на средба со раководството на СДСМ од Скопје кое денес престојуваше во Охрид – дознава Охрид1 од извори во СДСМ.

Што зборувале ”екологистите” со политичарите од СДСМ не е познато, но очигледно е дека се работи за континуитет во активностите кои одредени еколошки иницијативи ги имаат во речиси сите меидуми во Охрид, каде се константно присутни и сесрдно подджани од истите, а овие екологисти доминираат и на фејсбук каде секој кој не се согласува со нив е предмет на напади.

Добро организирани тие доминираат на социјалните мрежи и заедно со големата поддршка која ја имаат од скоро сите медиуми во Охрид успешно водат манипулативна кампања и пред јавноста прикажуваат еколошки катастрофи кои се слуиле во минатото, тврдејќи дека се случиле сега под оваа власт.

Константно под удар на овие ”екологисти” е и нашиот меидум, пишува Охрид 1.

 

 

Оцени ја веста

16.04.2015 - 23:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега