ФОТО: Европски - со полн пепелник на средба со евроамбасадорот Орав

Лидерот на ДУИ Али Ахмети, се сретна со Амбасадорот на Европската Унија во Скопје, Аиво Орав.
Ахмети и Орав како што информираат од Мала Речица разговарале за политичката ситуација во Македонија, политичкиот дијалог, меѓуетничките односи, како и интеграцијата на Македонија во Европската Унија.
Ахмети истакнал дека почетокот на политичкиот дијалог во Брисел треба да се зајакне и унапреди што е можно поскоро за да се надмине политичката криза во земјата, а Европската Комисија треба директно да се вклучи со однапред одредена агенда за инволвираните страни, но исто така и да го следи судскиот процес кој ќе обезбеди кредибилитет и доверливост на сите страни.
За да биде атмосферата поопуштена, тука беше пепелникот. Цигарите ги тргнале, за да не биде неевропски. Но тоа не е ништо ново. И онака сите знаат дека во Мала Речица Законот за заштита од пушењето, едноставно не важи
Оцени ја веста
16.04.2015 - 11:56
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа










