Македонија се тресе: За 3 дена повеќе од 5 земјотреси во земјава

 

Серија земјотреси во последната недела ја тресеа Македонија. Пред денешниот земјотрес со интензитет од 3,9 степени по Рихтер кој утрово во 10:50 часот беше почувствуван во главниот град, регистрирани беа уште неколку други потреси. Денешниот беше со епицентар во Качаник, Косово на 32 километри од Скопје.

Пред 3 дена три посилни и уште најмалку два помали потреси ги вознемирија жителите од дебарскиот регион.  Првиот земјотрес беше почувствуван во три минути до четири часот на трети април, вториот во 4:14, а третиот во пет минути до седум часот истиот ден.

Според албанските медиуми, епицентарот на еден од земјотресите (со јачина од 3,2 рихтерови степени) бил осум километри од рударското албанско гратче Булќиза кое се наоѓа на десеттина километри од Дебар, додека на другиот со јачина од 3,8 степени бил 52 километри југоисточно од Тирана.

Еден ден претходно, на 2 април, земјотрес  со интензитет од 4 степени според европската макросеизмичка скала во 20:37 минути го стресе југот на Македонија.
Како што јавија локалните сеизмолошки станици, епицентарот бил на 35 километри југозападно од Гевгелија на територијата на соседна Грција.

Земјотресот го почувствувале жителите во јужниот дел на Македонија.

 

 

 

 

Оцени ја веста

06.04.2015 - 11:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега