Вжештена линијата на „Ало докторе“ - за една седмица се јавиле 1.064 лица

 

Во изминатите седум дена од 30 март до вчера за медицински совет на телефонската линија 02/15 123 - „Ало докторе“ се јавиле вкупно 1.064 лица, соопшти Здравствениот дом Скопје.

Линијата е достапна секој ден,  24 часа, со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на какви било симптоми на нарушување на здравјето.

Од Здравствениот дом Скопје информираат дека вкупно 21  доктор се достапни за медицински совет, а јавувањата се од граѓани од сите градови на Македонија.

На сите лица кои се јавиле на телефонската линија  „Ало докторе“ им е дадена соодветна медицинска помош преку здравствен совет и соодветна симптоматска  терапија .

Јавувањата, како што се наведува во соопштението, најчесто се со широк спектар на најразлична симптоматологија, кардиоваскуларни, респираторни симптоми, кашлица, настинки, покачена телесна температура, стомачен вирус и симптомна болка.

Во кол центарот „Ало докторе“ секој ден од 18 до 22 часот  за медицински совет се дежурни и достапни Директорите на Јавните здравствени установи.

На линијата денеска од 18 до 22 часот дежурна ќе биде др.Соња Кузмановска  од  Институтот за клиничка биохемија, а утре  ќе биде доц.Темелковски  од Клиниката за  ортопедски болести. На  8 април во кол центарот „Ало докторе“ дежурен ќе биде проф.др.Ненад Јоксимовиќ од Клиниката за гастроентерохепатологија, на 9 април проф.др.Надица Митревска  - директорка на  Универзитетската клиника за радиологија  и на 10 април др.Соња Тасевска-Васиќ, директорка на Здравствен Дом Железничар-Скопје.

Во сабота, на 11 април, на телефонската линија 02/15 123, од 18 до 22 часот дежурна ќе биде  директорка  на  Клиниката по хируршки болести Св.Наум Охридски, др.Јасмина Чабуковска, а на 12 април др.Билјана Илиевска-Поповска од  Институтот за ТБЦ.

Од 15 септември 2014 година до денес вкупно 30.660 граѓани се јавиле на телефонската линија 02/15 123 за медицински совет „Ало докторе“,  се наведува во соопштението од Здравствениот дом Скопје

 

 

Оцени ја веста

06.04.2015 - 11:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега