Метеоролозите носат одлични вести за Велигден

Оваа недела не очекува врнежливо време, веќе од четврток ќе има целосна стабилизација, а за празниците очекувајте сонце и покачување на температурите.
Во вторник ќе имаме повторно нестабилноо и облачно време, но со послаби врнежи од дожд. Температурата ќе се движи од 2 до 6 степени. Во среда ќе има постепено стабилизирање на времето и постепен раст на температурите. Во четвртокот и деновите пред празникот ќе имаме целосна стабилизација на времето. Во четврток не очекува сончево време и високи температури кои ќе се искачат до 20-тиот степен.
Во петок и за време на продолжениот викенд ќе имаме сончево време и вистинска пролет. Температурите ќе се движат од 7 до 21 степени.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









