Седници на четири собраниски комисии

 

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за земјоделство, шумарство и водостопанство, за политички систем и односи меѓу заедниците, за прашања за изборите и именувањата и Законодавно-правната комисија.

На дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците се измените и дополнувањата на Законот за патните исправи на државјаните на Република Македонија, на Законот за Судскиот совет на Република Македонија, како и Предлог - законот за јавнообвинителска служба, сите во прво читање.

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе расправа за измените на Законот за хидрометеоролошка дејност, за Предлог - закон за водостопанство, за Предлог - закон за дополнување на Законот за земјоделски задруги, сите во второ читање и Предлог-законот за изменување на Законот за продажба на земјоделското земјиште во државна сопственост, во прво читање.

Членовите на Комисијата за прашања на изборите и именувањата треба да ги утврдат предлог-одлуките за разрешување и именување на претседател и членови на Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“, за дополнување на Одлуката за избор на шеф, членови и заменици членови на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарната димензија на Централно - европската иницијатива (ПС ЦЕИ) и за изменување на Одлуката за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието на Република Македонија.

Седница ќе одржи и Законодавно - правната комисија, на која на дневен ред се законите кои ќе ги разгледуваат матичните комисии што денеска ќе заседаваат.

 

 

Оцени ја веста

25.03.2015 - 09:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега