На првиот ден од пролетта Македонија мрзне - измерени минус десет степени!

Најниска температура од минус 10 степени утрово е измерена во Лазарополе. Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи, температура под нула е измерена и во Маврово (-9), -7 во Крушево, -5 во Крива Паланка и Претор, во Охрид - 4, воТетово, Берово и Битола - 3 степени, -2 во Скопје – Петровец, Куманово и Прилеп и -1 степен во Штип и Виница. Во Скопје – Зајчев Рид, Демир Капија и Струмица температурата била 0 степени, а два степена во Гевгелија, Кавадарци и Дојран.
Во 7 часот во Маврови Анови снежната покривка била 65 сантиметри, 17 см во Лазарополе, 10 см во Крушево, три во Битола и два сантиметра во Тополчани.
Во изминатите 24 часа наврнале осум литри на метар квадратен во Крушево, пет во Охрид и Битола, четири во Претор, два литра на метар квадратен во Прилеп, Берово и Лазарополе и еден во Гевгелија, Струмица, Маврово и Пожаране.
УХМР информира дека утрово времето е сончево со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен северен ветер.
Во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност и умерен ветер од северен правец. Попладне во крајните североисточни делови е можен краткотраен дожд и снег.
Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и умерен северен ветер. Дневната температурата ќе достигне околу 8 степени.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









