Латас: Заев е аболициран криминалец кој сака да дојде на власт

 

Оваа Влада нема да падне, разговорите кои ги објавува Зоран Заев ни приближно нема да ја бутнат Владата на Никола Груевски.

Ова го истакна уредникот на ТВ Сител, Драган Павловиќ-Латас во своето гостување во „Акцент“ на МРТ.

- Јас и вчера слушав разговори, сега веќе не ги монтираат на парчиња, сега во сред реченица те сечат. Дали оваа Влада ќе падне? Нема да падне! Ни приближно нема да падне! Зошто нема да падне? Прво, како ќе падне?-технички. Теоретски, ги прифаќаме условите на СДСМ. Груевски дава оставка. Која ќе биде нова Влада? Заев? Еднаш аболиран, две кривични пријави против него. Дошол на власт со прислушување луѓе? Има телефонски разговори, од секого од нас  во фиока? Па он ако од опозиција успева да уценува  и преку тоа руши углед на врвни политичари, замислете ме мене утре како граѓанин, рече Латас.

Тој потенцира дека Владата на РМ нема да падне  дури ни со оставна од Никола Груевски.

-Владата не може да падне со оставка на Груевски. ВМРО-ДПМНЕ држи преку 50 општини. Власта на терен ја има со Влада или без Влада. Било кои избори да ги има во наредниве две години, ВМРО-ДПМНЕ ќе ги добие. Каков сакате мониторинг да има, додаде Латас.

Тој потенцира дека градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ во повече од 50 и повеќе општини имаат контрола и моќ да анимираат ново гласачко тело кое ќе искочи на избори.

 

 

Оцени ја веста

19.03.2015 - 20:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега