Адеми се сретна со американскиот амбасадор Бејли

Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми, денеска се сретна со Џес Л. Бејли, новиот амбасадор на Соединетите Американски Држави во Република Македонија.
На оваа прва средба, министерот Адеми истакна дека соработката меѓу Амбасадата на САД и МОН ќе продолжи и во иднина со активности и проекти од областа на образованието.
Тој го информираше амбасадорот Бејли за функционирањето на образовниот систем во земјата и за клучните реформи што се спроведуваат и ќе се спроведуваат во иднина во однос на подобрувањето на образовниот систем.
Адеми се заблагодари за поддршката на САД во имплементирањето на разните проекти и програми кои се резултат на добрата соработка, нагласувајќи ја Фулбрајт програмата, програма која успешно се спроведува. Исто така, истакна дека програмите спроведувани преку УСАИД и Мировниот корпус ќе продолжат да се финансираат, бидејќи образованието се смета како област на инвестициите за иднината на земјата.
Амбасадорот Бејли го повтори ставот дека САД ќе продолжат да ја поддржуваат Македонија во областа на образованието, и тоа преку спроведување на различни програми насочени кон подобрувањето на образовниот систем и воспоставување на по современ систем.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









