МОЛБА ЗА ПОМОШ: Да му помогнеме на младиот Благојчо

Да му помогнеме на 26 -годишниот Благојчо Ѓоргиев да зачекори повторно слободно.
Тој боледува од валгус туморис. Тоа се мртви коски на нозете кои не му овозможуваат нормално движење, па Благојчо е претежно врзан за кревет, со напори да прави движења кога има потреба. Доколку навреме не се оперира, а последици од сегашната ситуација се можноста да дојде до искривување на колковите, а воедно и на рбетот од кој веке има дел искривеност во колковите, може да заврши дури и во количка.
Операцијата која му е потребна да се санираат проблемите на Благојчо Ѓорѓиев треба да се изврши во болницата “Филип Втори ” во Скопје.
Самиот зафат чини 15.000 евра, сума која Благојчо и неговото семејство не можат да си ја дозволат.
Донациски број за ОНЕ корисниците: 075-143-350
Донациски број за Т-Мобиле корисниците: 070-143-107
Донациски број за ВИП корисниците : 077-143-770
Сите кои сакаат да помогнат, можат да уплатат сума на
Трансакциска сметка:
200002528489389 Благојчо Ѓорѓиев ул.Гоце Делчев бр 17 Виница
Транскациската сметка е на Стопанска Банка
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









