Средба на Македонската и Бугарската академија на науките

 

Делегација на Македонската академија на науките и уметностите на чело со претседателот академик Владо Камбовски денеска во Скопје се сретна со претставници на Бугарската академија на науките предводени од претседателот на БАН, академик Стефан Воденичаров.

На состанокот е истакнато дека тимови на научни работници од двете академии во текот на 2014 година работеле на 33 заеднички проекти и оти проектните задачи се успешно реализирани.

- Исто така констатирано е дека, за жал, проектите се остваруваат со минимални финансиски средства само за покривање на неопходните материјални трошоци, се наведува во соопштението од МАНУ.

На денешната средба е прифатен и планот за соработка за 2015 година според кој ќе продолжи реализацијата на проектите и заедничкото чествување и одбележување на важни настани кои ги поврзуваат двата народа.

 

 

Оцени ја веста

13.03.2015 - 11:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега