Општина Карпош ќе го зголемува бројот на децата во градинките над капацитетот

Советот на Општина Карпош на денешната седница донесе одлука за зголемување на бројот на деца над капацитетот во неколку јавни установи, детски градинки на територија на Општината.
Градоначалникот Стевчо Јакимовски истакнал дека на барање на граѓаните се бара слободно земјиште каде ќе се биде изградена нова градинка во близина на Средно Нерези. Зголемени барања за згрижување на деца, според него, имало и во Бардовци и Злокуќани.
Тој поднел иницијатива за збратимување на општината со Кипарската општина Лапта, која ќе биде осма збратимена општина на Карпош, покрај Трјадица од Бугарија, Стари Град од Сараево и Травник од БиХ, како и српските Нови Београд, Сремски Карловци и Врњачка бања.
Со мнозинство гласови, како што соопшти општинската прес-служба, биле усвоени и предлог-одлуките за вклопување на бесправен објект, изграден во Бардовци, во урбанистичко-планска документација со која се врши усогласување на намената на бесправен објект со намена на земјиште, за доделување финансиски средства како материјална поддршка за реализирање на проектот „Спортска култура - Кажи да“ и за утврдување на интерес за основање на Акционерско друштво за вршење дејност спорт.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









