Богданци ќе добие нов резервоар за питка вода

 

Во општина Богданци започнаа градежните активности за реализација на пилот проектот „Резервоар за питка вода“ во рамките на Проектот на УСАИД за подготовка на општински стратегии за справување со климатски промени.

Пилот проектот „Резервоар за питка вода“ во Богданци е дел од активностите на проектот кои се спроведоа во изминатите две години, при што беше изработена Стратегија за климатски промени на општина Богданци 2014- 2020 по методологијата Зелена агенда.

Целиот процес беше воден од жителите на општина Богданци во соработка со проектниот тим, при што тие самите одлучуваа кои се нивните реални потреби и приоритети. Развивањето на пилот проектот „Резервоар за питка вода“ е токму еден од тие приоритети.

Со изградбата на резервоарот ќе се подобри квалитетот на водоснабдувањето во Богданци и ќе се овозможи поефикасно управување со системот за водоснабдување, што пак истовремено ќе доведе до заштеда на енергија. Проектот на УСАИД за подготовка на општински стратегии за справување со климатски промени го спроведува Милиеуконтакт Македонија во партнерство со општина Богданци, Мрежа за рурален развој на РМ и ПОЛИМАТ 13.

Главната цел на проектот е да се подготват општинските чинители подобро да се справуваат со предизвиците кои ги носат со себе климатските промени.

 

 

Оцени ја веста

12.03.2015 - 12:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега