Збогум зимо: Капутите во плакар - какво време не чека до крајот на месецот

Зимата заврши. Од почетокот на наредната недела можете конечно зимскиот капут да го спакувате и да го ставите во гардероба. Чизмите можеби ќе ви требаат уште малку, бидејќи кон средината на месецот се најавуваат слаби врнежи но едно е сигурно, а тоа е дека нема веќе да имаме температури во минус и снег.
Покачувањето на температурите нема да биде нагло, туку постепено. До крајот на март се очекуваат температури кои ќе достигнат и до 20 степени во јужните делови на земјата.
Во Скопје се очекуваат максимални температури до 16 степени пред крајот на март.
Наредната недела ќе има разведрување и денови со многу сонце. Минималните утрински температури ќе се движат меѓу 2 и 6 степени а максималните од 12 до 20 степени.
Во седмицата кога и календарски треба да ја пречекаме пролетта, метеоролозите најавуваат ново наоблачување но не и спуштање на температурите. Најголема можност за поинтензивни врнежи има во последниот викенд од март. 
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









