Куманово ќе соработува со петте општини од североисточнииот регион

Oпштина Куманово ќе соработува со петте општини од североисточнииот регион. Советниците од Советот на општината денеска го поддржаа предлогот на Центарот за развој на свероисточниот плански регион за воспоставување меѓуопштинска соработка.
Во телото, кое ќе брои 17 членови, објаснија надлежните, предвидено е да членуваат по еден член од општините, конкретно од одделнијата за локален економски развој, но и претставници од бизнис-заедницата и од невладините организации, од регионалната стопанска комора од мрежата за рурална акција.
- Работното тело кое ќе работи на програма за развој на платформата и акциониот план за 2015 година ќе направи низа од 15 до 20 проекти од сферата на руралниот развој. Ќе ги испитаме интересите на регионот, кои се нивните потреби во руралните средини, пред се од областа на економскиот развој, земјоделството, туризмот, изјави Младен Протиќ, раководител на Центарот за развој на свероисточниот плански регион.
Тој се надева дека во иднина ќе бидат подготвени добри проекти, за кои рече дека освен од УНДП ќе побараат поддршка и од други донатори. Протиќ информираше дека за правата фаза за дел од избраните проекти УНДП ќе ја финансира имплементацијата на проектите од 10-12.000 долари.
Оцени ја веста
11.03.2015 - 17:16
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









