За само една недела 318 заболени од грип во Велес

 

Минатата недела во Велес се регистрирани 318 заболени од грип, информираат од ЈЗУ Центар за јавно здравје во тој град, пренесува МИА.

Епидемиологот Билјана Трајкова изјави дека најголем број од заболените 217 се на возраст од 15 до 64 години, а помал број се деца и стари лица на возраст над 64 години.

Посочи дека поедини потешки случаи на заболени од грип се на лекување во Инфективното одделение при Велешката општа болница, кое деновиве е преполно со пациенти.

Таа апелира до граѓаните да внимаваат на своето здравје и да избегнуваат контакт со заболени лица.

- Инаку, во текот на февруари имаше 464 заболени од грип, а во јануари само 50 заболени, додаде Трајкова.

 

 

Оцени ја веста

11.03.2015 - 15:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега