Аплицирајте: Кина доделува стипендии за македонските студенти

 

Министерството за образование и наука информира дека е во тек Конкурс за доделување две стипендии на Владата на Народна Република Кина за додипломски (редовни) и магистерски студии и специјализации, за академската 2015/2016 година.

Информации за условите, критериумите, потребните документи и пропишаните обрасци за аплицирање, заинтересираните кандидати може да најдат на интернет-порталот www.stipendii.mon.gov.mk како и на  www.campuschina.org или http://en.csc.edu.cn/studyinchina.

Крајниот рок за пријавување е 1 април 2015 година. Изборот на кандидатите ќе го изврши Амбасадата на Народна Република Кина во Република Македонија. Прифатените кандидати ќе ги започнат  студиите од септември 2015 година.

 

 

Оцени ја веста

11.03.2015 - 11:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега