Ефтов: Ако не верувате во институциите ја дерогирате државата (ВИДЕО)

Во дебатната емисија на Телма телевизија, новинарот и аналитичар Васко Ефтов кој важи за близок до СДСМ, посочи дека доколку некој не верува во државните институции, тoгаш тој целoсно ја дерогира државата.
- Во кој институции верувате вие. Не верувате во здравство, одите на доктор. Не верувате во фудбалски клуб Вардар, одите на натпревари. Не верувате во полиција, а користите пасош или вадите лични карти. Ако влезете во една таква фаза во ништо да не верувате во државата, тогаш вие ја дерогирате целосно државата, рече Ефтов, најверојатно алудирајќи на тоа дека опозицискиот лидер Зоран Заев иако вели дека не верува во институцијата обвинителство, пријавите за наводните преслушувани разговори ги поднесе во Јавното обвинителство.
На истата теза се надоврза и водителката на дебатната емисија Снежана Лупевска, посочувајќи дека од една страна велат дека не веруваат, а од друга страна ги однесоа пријавите до истиот тој Јавен обвинител.
СДСМ упорно тврди дека во Македонија не постои систем. СДСМ најавува дека ќе го промени тоа, но прашањето е како? Дали со рушење на државниот систем?!
Според познавачите на состојбите, станува збор за теза која е исклучително опасна бидејќи директно говори за намерите на СДСМ за уривање на државниот систем и уставниот поредок.
Во Република Македонија системот и институциите се градени од првиот ден на независноста од страна на сите влади и сите политички, општествени и научни структури.
Со тоа што Заев кажува дека системот не функционира и дека не треба да се верува во него, прави класично дерогирање на системот и подривање на нешто што е градено со децении. Во тие институции се вработувани лица и во 1993 одина, и во 1997, и во 1999, и во 2002, и во 2005, и во 2010 година, тој систем е граден со децении.
Дека Заев е контрадикторен, смета и поранешниот функционер во СДСМ и актуелен градоначалник, Стевче Јакимовски, кој во телевизијата 24 Вести посочи дека Заев вели дека не верува во обвинителството, а гледаме веќе два пати како оди во обвинителството и поднесува кривични пријави.
- Која е таа консеквентност, кога сакте можете да верувате на институцијата обвинителство, а кога не сакате не верувате, рече претседателот на партијата ГРОМ.
Според Јакимовски, опозицијата не може кога сака да верува на институциите, кога сака да не верува.
- Не може тој извор да каже дека не се гледа со Груевски, а испаѓа се гледа со Груевски, дека не го познава Верушевски па испаѓа го познавал, додаде Јакимовски за време на неговото гостување во емисијата Анализа.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









