Се издаде ли Пендаровски- претседателскиот кандидат на СДСМ на иста линија со Атина

 

По обраќањето на претседателскиот кандидат на СДСМ Стево Пендаровски на партиската трибина во Универзалната сала, условувањето на македонската влада со „Влада во Скопје“ очигледно не е само термин кој го користи официјална Атина.

Имено, Пендаровски од говорницата во Универзална сала рече дека најголемиот непријател на самата македонска држава била т.н. Влада во Скопје

-Ако порано бевме сигурни дека нашите најголеми непријатели се надвор денеска ни е јасно на сите дека најголемиот непријател на самата македонска држава е т.н. Влада во Скопје, рече носителот на столбот Партнерства за демократска Македонија.

Терминот „Влада во Скопје“ досега го користеше само Грција во своето обраќање, а вечерва видовме дека на иста линија со Атина е и претседателскиот кандидат на СДСМ и очигледно целата опозиција. Што сакаше да каже Пендаровски и дали Фројдовски се издаде, останува отворено прашање.

 

 

Оцени ја веста

10.03.2015 - 21:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега