ВРЕМЕ: Не чека снежен ден

Вторник носи облачно и релативно студено време. Повремени и слаби врнежи се очекуваат во западната половина од земајта. Дел од овие врнежи низ котлините ќе бидат од дожд и дожд мешан со снег, а на повисоките места врнежите ќе бидат само од снег. Овие врнежи нема да бидат интензивни, ниту пак ќе донесат значителна количина на воден талог. Во источниот регион врнежите ќе бидат сосема ретки и од локален карактер.
Утрото во однос на понеделник наутро ќе биде малку потопло. Минималната температура ќе има вредност околу 2°С низ поголем дел од населените места. На повисоките места минималната температура ќе се ќе има вредност околу -4°С.
Максималната температура во поголемите населени ќе има вредност околу 6°С. Југоисточниот крај очекува максимална околу 8°С. На повисоките места максималната ќе има вредност околу -1°С во западниот регион, и околу 2°С во источниот крај.
Во скопската котлина очекуваме облачно време со повремени врнежи од дожд. Минималната температура ќе има вредност околу 2°С. Максималната температура ќе има вредност околу 6°С.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









