Јолевски на средба со државниот секретар од Министерството за одбрана на Франција

Министерот за одбрана Зоран Јолевски денеска во Охрид ќе оствари средба со државниот секретар за поранешни борци и историски настани од Министерството за одбрана на Француската Република, Жан-Марк Тодешини.
Целта на посетата е отпочнување на комеморациите за Источниот фронт како дел од одбележувањето на стогодишнината од Првата светска војна, во која речиси 70.000 француски војници ги загубиле животите.
Државниот секретар Тодешини, кој е во посета и на земјите во регионот Грција, Србија, Романија, во Македонија ќе биде два дена.
Оцени ја веста
09.03.2015 - 09:21
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









