Снегот направи проблеми - кои патишта се непроодни?

 

Непрооден е патот кон кавадаречкото село Рожден, каде висината на снежната покривка е 30 сантиметри.

Од компанијата „Јами“, која кавадаречката локална самоуправа ја избра за зимско одржување на патиштата во општина Кавадарци, истакнаа дека нивната механизација е на терен.

- Во моментов се работи на чистење на снегот на потегот кон селата Бохула и Бојанчиште и очекуваме до крајот на денот и патот кон Рожден да биде приспособен за движење. На некои места од патот кон Бојанчиште и месноста Михајлово снежната покривка достигнува и до половина метар, посочија од компанијата. 

Според нив, се работи за јужен снег кој е потежок и ги прави патиштата полизгави, па затоа е и потешко да се истурка.

Нагласија дека засега нема потреба од интервенција со сол на патиштата, која можеби ќе биде неопходна во вечерните часови кога ќе дојде до подмрзнување на патиштата. 

 

 

Оцени ја веста

07.03.2015 - 13:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега