Пандов за РСМ: Скајп комуникацијата покажа дека позади Заев стои странска служба

 

По вчера објавената скајп комуникација на Зоран Верушевски и осомничениот оперативец од ДБК јасно е кој стои зад прислушувањето и „бомбите“ на Заев, вели за Пулт на радио Слободна Макеоднија политичкиот аналитичар Александар Пандов.

„Ако досега постоеше и најмала дилема кој стои зад прислушувањето, сега е веќе јасно дека се работи за странска држава. Тоа го видовме од комуникацијата која беше објавена. Увидовме дека тие луѓе пресметано знаеле што точно ќе се случува со објавувањето на дел од тие разговори. Ние слушнавме како тие најотворено говорат за граѓанска војна и тоа не на национална основа туку војна на Макеоднци против Макеоднци. Тие говорат и за некаков чадор под којс е подразбира поголема странска разузнавачка служба која треба да ги заштити. Сега веќе на секого му е појасно за какви луѓе се работи“, вели Пандов за РСМ.

Пандов очекува наредните денови Заев во некое свое интервју да излезе со објаснување за овие информации од истрагата.

„Со нетрпение очекуваме да видиме како Заев ќе го објасни ова. Веројатно како и претходно кога тврдеше дека не го познава верушевски па потоа призна дека комуницирале и дека сакал да му купи автомобил, или кога ја призна комуникацијата преку шифри, така и сега Заев ќе се заплетка. Очекувам на крајот да го видиме Заев како плаче и како велид ека тој не бил свесен дека позади оваа игра стојат интереси на странска држава“, вели аналитичарот Пандов.

Тој се надева на правна разврска во транспарентна судска постапка која ќе ја набљудува и меѓународната заедница а по која ќе бидат потребни итни промени во раководството на СДСМ.

 

 

Оцени ја веста

06.03.2015 - 13:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега