Свечена заклетва на 165 војници во велешката касарна

 

Во касарната „Алексо Демниевски - Бауман” во Велес, денеска ќе се одржи свеченост по повод давање заклетва на војниците на доброволно служење на воениот рок од упатниот контингент „Февруари“ 2015 година.

Како што е најавено, заклетва ќе дадат 165 војници од дваесет и петтата генерација на доброволно служење на воениот рок, со кои обуката ќе ја реализира Центарот за индивидуална обука во рамки на  Командата за обука и доктрини, во траење од три месеци.

На свеченоста ќе присуствуваат министерот за одбрана Зоран Јолевски, заменикот на началникот на ГШ на АРМ генерал потполковник Насер Сејдини, командантот на Командата за обука и доктрини полковник Љупчо Костовски, претставници од МО и ГШ на АРМ, претставници од локалната самоуправа, роднините на војниците и други гости. 

 

 

Оцени ја веста

06.03.2015 - 09:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега