Македонија мрзне - каде наврна најмногу дожд?

 

Според информациите од Управат за хидрометеролошки работи во изминатите 24 часа најмогу наврнат воден талог од 51 литар на метар квадратен има во Пожаране, 49 Маврово, 48 Тетово, 31 Гевгелија, 29 Крушево, 25 Охрид, 19 Ѓуриште, 20 Скопје, З Рид, 18 Скопје Пет., 16 Тополчани и Берово, 15 Крива Паланка, 14 Битола и Виница, 13 Штип и Прилеп, 10 Куманово, Прилеп, Скопје и Струмица, шест Лазарополе, Демир Капија и Кавадарци и пет сантиметри во Пожар.

Утрово најниска температура измерена е во Маврово -4, Скопје 0 и 5 степени во Дојран и Гевгелија

Времето денеска ќе биде претежно облачно со умерен до повремено засилен северен ветер. Преку денот со врнежи од послаб интензитет а кон крајот на денот и преку ноќта врнежите ќе се поинтензивни. До изутрина на планините од централните и источните делови ќе има дополнителен нов снег од 200 сантиметри. А количествата на измерен воден талог понекаде ќе надминат и 20 л/м2. На југоисток врнежите преку денот ќе бидат од дожд кон вечерните часови ќе преминуваат во снег. На планините и понекаде на север и на пониските места врнежите врнежите ќе се од снег.

 

 

Оцени ја веста

06.03.2015 - 09:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега