Ни се врати зимата: Еве каде низ Македонија вее снег во моментов

Интензивни снежни врнежи вечерва се регистрирани на сите повисоки места во западниот дел на Македонија. Најинтензивни се врнежите на Попова Шапка и Маврово. Поради интензивни снежни врнежи, вечерва и на планинскиот премин Стража е воведена забрана за тешки товарни возила.
Снежни врнежи има и на Ѓуриште а провејува снег и во Крушево.
Оцени ја веста
05.03.2015 - 21:51
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









