ВНИМАВАЈТЕ: Времето во дел од Македонија ќе биде опасно

Портокалова алертна фаза во Полошкиот регион, преупредува европскиот метеоролошки центар.
Четврток ќе биде врнежлив ден. Локално, во јужната половина од земјата, попладне врнежите ќе бидат со пороен карактер. На планините над 1500 метри врнежите ќе бидат од снег. Навечер висинската грница на снежните врнежи ќе се намалува, со што ќе се создадат услови за врнежи од снег и на повисоките неселени места, особено во северната половина од земјата.
Во текот на денот ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер. Во текот на вечерта ветерот ќе ја намали значително брзината и ќе го промени правецот во северен.
Минималната температура ќе има вредност околу 4°С низ поголем дел од населените места. На повисоките места минималната температура ќе се ќе има вредност околу -1°С.
Максималната температура во поголемите населени ќе има вредност малку под 10°С. На повисоките места таа ќе има вредност околу 3°С.
Во скопската котлина очекуваме облачно и врнежливо време. Во текот на вечерта планините околу скопската котлина очекуваат снег. Во текот на денот ќе дува умерен, повремено и засилен ветер. Минималната температура ќе има вредност околу 3°С. Максималната температура ќе има вредност околу 7°С.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









