Владата ги поевтини државните станови
Над сто и деведесет комерцијални станови изградени од Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор сега се со намалена цена. Ваквата одлука која ја донесе Владата на Република Македонија, се однесува на станови изградени во градовите Скопје, Охрид и Струмица.Цената ќе се движи за 100 односно по 599 евра за метар квадратен. Во Охрид на продажба се ставени 40 станови, додека во Скопје, слободни станови има 126, и истите тие ќе поефтинат за 30 евра, па оттука наместо по 880 евра истите ќе чинат по 850 евра за квадрат.
Дваесет и шест стана ќе се продаваат по почетна цена од 499 место првичната 570 евра за квадрат во Струмица. Истите ќе бидат дадени на лицитација и во цената не е вклучен данокот на додадена вредност.
Министерот за транспорт и врски, Јанакиески уверува дека нема да се наруши пазарот на недвижности, туку со ваквата одлука ќе се поттикнат приватните компании да ги намалат цените.
Според податоците од Народната банка на Македонија, индексот на цената на становите во последниот квартал од 2014 година бележи пад од 5,3 проценти, што според НБРМ е резултат на континуираниот раст на понудата на станови. На годишна основа намалувањето е 0,6 отсто.
Оцени ја веста
04.03.2015 - 21:45
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









