Уредникот на 24 Вести се огласи по информациите за оставката

 

Поранешниот главен и одговорен уредник на телевизијата 24 Вести се огласи по информациите кои ги објави Press24 дека се повлекува од уредничката позиција поради притисоци од менаџментот на телевизијата

„Бидејќи моето повлекување од позицијата Главен и одговорен уредник предизвика интерес во дел од јавноста, должам кратко објаснување. Секој има право на различно мислење. Не секој носи одлуки. Со менаџментот понекогаш сме имале различни мислења за дел од програмата, но тоа не е ниту главната, ниту единствената причина за моето повлекување. Сепак во животот постојат и други приоритети освен градењето кариера по секоја цена. На пример, слободното време е бесценето. Телевизија 24 Вести има голема доверба кај гледачите, поради својата објективност и независност. Сметам дека ќе остане на истиот пат, за кој се надевам мал удел дадов и јас претходната година. “ - напиша Михајлоски на Facebook.

Press24 објави дека Михајлоски си заминува откако менаџментот на 24 Вести од него побарал да не биде „толку неутрален“. Повлекувањето на Михајлоски дојде непосредно по интервјуто со Зоран Заев кое според најголемиот дел од новинарите во Македонија беше изведено на максимално професионален начин, запазувајќи ги принципите на објективност и одмереност.

 

 

Оцени ја веста

03.03.2015 - 23:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега