Бандити гаѓаат со камења и ограбуваат камиони во Белград
Српската полиција трага по група бандити кои прво гаѓаат со камења камиони со странска регистрација што минуваат по обиколницата крај Белград, а потоа, кога камионите запираат, ги ограбуваат возачите.
Седум камиони од Србија, Бугарија и Турција се гаѓани со камења на оваа делница.
По последниот напад, извршен на 21 април, нема повредени, а полицијата привела тројца малолетници, за кои се сомнева дека ги организирале нападите.