Џиков: Првата пресуда во „Пуч“ е несоборлив доказ

Пресудата која се донесува врз основа на признание на вина, а некој за да признае вина треба да му се предочат докази, тоа упатува дека таквата пресуда е несоборлив доказ во однос на останатите учесници во овој процес, вели поранешниот јавен обвинител Ставре Џиков, во денешниот „Кворум“ на Радио Слободна Македонија.
Како државен обвинител тој ја водеше аферата „големото уво“ и повикувајќи се на неговото досегашно искуствовели дека првата пресуда не е присилна и дека јасно укажува на тоа дека не прислушкувале како што тврди Заев, премиерот и шефот на ДК, туку дека тоа го правела група на луѓе и дека тука постои странски фактор.
Според него овој случај треба да има правна разрешница, а за опозицијата вели дека направила кардинална грешка. Она што го прави Заев и луѓето околу него, смета тој требаше да го направат во Собранието, согласно Уставот и законот и така ќе покажее дека ги почитуваат.
Излезот од ситуацијата го гледа на враќањето на опозицијата во законодавниот дом.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









