Иванов: Идентитетот и јазикот се неразделив дел од човековата личност

 

Обединетите нации не можат и не смеат да си дозволат да бидат рамнодушни на кршењето на човековите права и правата на човечкото достоинство. На светот му е потребен Совет кој ќе дејствува превентивно, а не само реактивно и чии ставови ќе имаат серозни импликации кон сите држави кои не ги почитуваат. Повикуваме политиката и моќта да ги тргнат рацете од овој Совет за да може да превенира, а не само пост фестум да констатира. Ova go порача претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов во обраќањето на Високиот сегмент на Советот за човекови права на ОН.

Живееме во ерата на човековите права, а сведоци сме на нивно кршење, декларативно се залагаме за неотуѓивото право на човековото достоинство, а дозволуваме да се негира правото на самоидентификација, без кое нема ниту интегритет на човековата личкност, ниту човеково достоинство. Се повикуваме на Меѓународната повелба за човековите права, а дозволуваме да се крши меѓународното право, резолуциите на ОН, пресудите на Меѓународниот суд на правдата. Денес, додека мојата земја Република Македонија членува во Советот за човекови права, моите сограѓани се соочуваат со негирање на нивното право на идентитет и јазик. Истиот македонски јазик на кој сега ви се обраќам. Овие две права се неразделив дел од човековата личност и од слободата на изразување. За овие права никој никогаш не прави компромис, рече македонскиот претседател.

Според него, недозволиво е да се дебатира за човековите права за слободата на мислата, совеста и религијата, а поединци и групи со затворени умови посегнуваат по слободата и животите на луѓето чија единствена вина е поинаквото убедување, исто како што е недозволиво да се зборува за еднаквост на различностите, а тие да бидат нападнати.

-На западот се разви концепт на толеранција. Во Македонија пак применуваме нешто што е повеќе од толерирањето, а тоа е почитувањето и прифаќањето на различноста. Разликата меѓу двата концепта е суштинска бидејќи се толерира она што се мора, а се почитува она што се сака. Додека толеранцијата е еднонасочен, почитувањето и прифаќањето се двонасочен процес, рече претседателот Иванов.

Со Високиот сегмент денеска започна 28-та сесија на Советот за човекови права на Обединетите нации, која ќе се одржува во наредните четири недели. На денешниот сегмент покрај претседателот Иванов учествуваат повеќе други претставници на земјите членки. Денеска во рамките на Сегментот на високо ниво на Советот за човекови права е предвидено да остварииИ средба со претседавачот на Советот за човекови права Јоаким Рукер, високиот комесар за човекови права на ОН Зеид Раад ал Хусеин, се генералниот директор на ОН во Женева Мајкл Молер, како и со генералниот директор на меѓународната организација за миграција Вилијам Лејси Свинг. 

 

 

Оцени ја веста

02.03.2015 - 11:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега