Се огласи адвокатот на газдата на „Фиком“ кој беше пронајден мртов во затворската ќелија

 

Адвокатот на Николиќ, Александар Петровски на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук потврди дека Никола Николиќ е пронајден мртов.

- Мојот клиент Никола Николиќ од Фиком ноќеска е пронајден обесен во затворот Штип. Наводно сам си го одзел животот, нека му е лесна земја. Не можам да ја разберам жедта за лишување од слобода на сите оние што навиваат за такво нешто.Луѓето се претворија во ѕверови, не си ја гледаат маката туку само за апсења зборуваат, напиша адвокатот на Фејсбук.

Инаку, како што јави МИА, Никола синоќа бил пронајден обесен во затворот. Тој издржуваше затворска казна поради продавање исти станови од зградата во Кисела Вода на повеќе потенцијални станари.

 

 

Оцени ја веста

02.03.2015 - 10:10
Фото: 
утрински

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега