Промотивен настан на Фондот за иновации и технолошки развој

 

Во Скопје денеска ќе се одржи првиот промотивен настан на Фондот за иновации и технолошки развој на тема: „Можности за финансирање на иновативни проекти на старт-ап и спин-оф компании“.   

Целта на настанот е запознавање со можностите за развој на иновативни идеи преку програмите на Фондот за иновации и технолошки развој, како и споделување успешни иновациски приказни од регионот.

На настанот излагање ќе имаат претставници од Фондот за иновациска дејност на Србија кои ќе ги претстават своите искуства во финансиската поддршка на иновациите. Присутните  ќе имаат можност да слушнат успешни приказни на српски иноватори и претприемачи кои со помош на државно финансирање успеале да ги развијат своите иновативни идеи. Излагање ќе има и Петар Моѓуроши, експерт во областа на управување со иновации, соработка меѓу индустријата и истражувачката дејност, како и трансфер на технологии.

Настанот е организиран со поддршка на Град Скопје. 

 

 

Оцени ја веста

02.03.2015 - 09:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега