За бесплатна бања и викенд пријавени 273 пензионери од Дебар и Центар Жупа
За бесплатна бањско - климатска рекреација и бесплатен викенд аплицирале 273 пензионери од општините Дебар и Центар Жупа.
Раководителката на дебарската единица на Фондот на ПИОМ, Афрдита Колеци информира дека од вкупниот број апликации, само 27 барања се за бесплатен викенд.
- Најголемиот број од пензионерите или повеќе од 90 отсто аплицирале за бањско-климатска рекреација. За двете поволности се пријавиле лица корисници на старосна, инвалидска и семејна пензија, изјави Колеци.
Таа додаде дека во изминатите години од општините Дебар и Центар Жупа, бањско-климатска рекреација користеле околу 200 пензионери.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









