Парична помош од општина Гевгелија за поплавените подрачја

 

По иницијатива на градоначалникот Иван Франгов, Советот на општина Гевгелија денеска донесе одлука да се додели парична помош за настраданите од поплавите во земјата, односно да бидат уплатени 200.000 денари од општинскиот буџет на сметка на Црвениот крст на Македонија.

Гевгелиските советници притоа забележаа дека поплавите не ја заобиколија ниту општина Гевгелија, каде што за среќа штетите се незначителни во споредба со поплавените домови во другите општини кои беа зафатени од поплавите.

Според досегашниот увид на општинската комисија за проценка на штети од елементарни непогоди, во општина Гевгелија штети се предизвикани главно на земјоделски посеви како и на крајбрежјата на повеќе речни корита кои беа санирани со интервенција на градежната механизација која беше ангажирана од општина Гевгелија. 

 

 

Оцени ја веста

28.02.2015 - 13:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега